Кузмановски: Треба да сме пример и секогаш да сме на ниво

foto: Filip Viranovski

Ракометната репрезентација на Македонија оствари уште една зацртана цел, го одржа континуитетот и ќе се учествува на уште едно Европско првенство. Со импресивна игра во второто полувреме, Македонија го скрши отпорот на Литванија и со победа од девет гола разлика се пласираше на ЕП.

По натпреварот, славеничка атмосфера во македонскиот тим.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на целата публика за поддршката. Пласманот на ова Европско првенство многу ни значи. На Македонија таму ѝ е местото. Покажавме дека оваа екипа има квалитет и ветува многу за во иднина. Го покажавме тоа на Светското првенство, дека растеме како екипа и тим по долго време. Не издвојуваме поединци, туку сме заедно. Мечот го почнавме тешко, се почувствува замор затоа што е крај на сезоната. Можеби сме во добра форма, но чувствуваме замор. Ама кога играме за Македонија, имаме посебна енергија. Благодарност до целиот тим, одиме заедно на Европското првенство. Лично, се трудам да бидам пример затоа што сум капитен. Младите играчи треба да учат, како што ние учевме од Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Стоилов... Така тука сега има искусни играчи, мора да бидеме прав пример за сите, секогаш да бидеме на ниво и да играме во висок ритам.“

Поврзани вести