Фото: Saso Krkacev/archive/FB
Една судиска двојка помалку во Македонија. Квалитетен судиски пар следствено на рангот на македонски судии, арбитри што имаат зад себе респектабилно реноме и бројни дерби натпревари.
Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски се повлекуваат од судењето. Текстот на е омаж на нивната работа, напротив, нивното откажување е дел од несогласувањата внатре во судиската организација.
„Почитувани, поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства, а да не зборуваме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија...
Не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што половина живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, не сакајќи да придонесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј. Со почит, Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо“, се вели во соопштението.