АЕК е проблем и во грчкото првенство

Контроверзите поврзани со АЕК и нивните навивачи продолжуваат и од европската се преселија на локалната сцена во Грција.
Грчката федерација (истата што пред ЕХФ го испофали АЕК дека организирал совршено финале, иако организацијата беше „катастрофа што чекаше да се случи“) го информираше клубот дека дуелот со Олимпијакос нема да смее да го игра во нивната мала сала (таму играа се до финалето во ЕХФ Куп), затоа што мечот е од висок ризик, а салата не ги исполнува безбедносните услови, затоа што нема инсталирано камери.
Нешто што досега не било проблем. 
АЕК во своите објави им се чудеше на „црвено-белите“ медиуми кои прашуваа кој ќе гарантира безбедност во таа сала.
Камери немало ниту во салата на Олимпијакос, а (внимавајте) и така постоела препорака да нема гостински навивачи! 

Поврзани вести