Вардар е победник на Куп на Македонија 2025

Photo: GRK Ohrid

ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 31-27 (17-14)


Вардар ја освои својата 17 титула победник на Куп на Македонија по победата над Еурофарм Пелистер во финалето на Ф4 турнирот што се одржа во Охрид.
Избраниците на Гиљермо Милано одиграа подобро од своите битолски ривали во полната сала во Охрид, каде што домаќинот својски се потруди да организира добар турнир и заслужува пофалби за стореното. 

Јунакот на Вардар од вчерашното полуфинале, голманот Еспиња, не беше стартер во финалето. Гиљермо Милано мечот го почна со Васил Гогов и токму неговите две одбрани на почетокот на мечот го одведоа Вардар во предност, настрана тоа што во првите десет минути Вардар и да на погреши и стигна до убедливи 7-2.

Но, од тој момент влегоа во серија на грешки и Радивојевиќ со два гола по ред почна мини серија на Е. Пелистер по стигнаа до 7-6.
Тензијата беше голема, иако интензитетот на мечот не беше. Двата тима беа нервозни и на раб да влезат во кофликт. Тоа и се случи во 13 минута по дуел на Атансијевиќ и Лазаревски.
За среќа не се претвори прекинот во инцидент, па средбата продолжи, а Вардар имаше резултатска контрола и максимално водство од четири гола (14-10).
На полувреме беше 17-14.
Вардар стигна до плус четири во вториот дел, (20-16), а во 37 минута за прв пат и до плус пет (21-16) по што следеше тајм аут за тренерот на битолчани.
Минаа 15 минути од второто полувреме, но нешто ново од актерите, освен можеби зголемена нервоза не видовме. Вардар водеше 3-4 гола разлика, Јагуриноски играше како по ноти, а битолчани не можеа со играта што ја играа да дојдат до ритам за пресврт.
Во 50 минута Вардар водеше 26-21, Раул побара нов тајм аут. Играта седум на шест беше последното оружје на битолскиот состав на фронтот. 
Се доближија на 25-28 во 55 минута зелено белите, но Лазаревски постигна гол за 29-25, па уште и погрешија битолчани во напад  кога Гиљермо Милано побара тајм аут во 57 минута, Вардар напаѓаше за плус пет. 

Урош Борзаш заработи директен црвен картон во тој напад, но Вардар не постигна гол. Но не постигна и Пелистер, а тоа значеше и крај на сите надежи дека пехарот ќе дојде во Битола.












 

Поврзани вести