АЕК ги части навивачите со бесплатен влез

Photo © MKDHandball

Денеска почнува финалето на грчкиот плејоф во кој ќе се сретнат екипите на АЕК и Олимпијакос. Екипата на АЕК успеа да издејствува промена на одлуката на грчката федерација и натпреварот ќе го игра во помалата сала (ОАКА), со засилени мерки за спречување на инциденти. Меѓу другото, забрането им е на тие што ќе немаат билети за доаѓаат во салата.

Навивачите што беа во Скопје и тие што тргнаа на пат за дуелот со Алкалоид што не се одигра, добиваат бесплатни билети за првиот дуел со Олимпијакос, како благодарност од страна на клубот. Мечот почнува во 18:00 часот.

Поврзани вести