Photo: Asobal. es
GRK Ohrid
ГРК Охрид за следната сезона ангажираше уште еден играч со респектабилно резиме и колку и да изгледа рано, веќе во овој момент на хартија е еден од најсериозните кандидати за шампионскиот пехар.
Ориол Реј Моралес, шпанскиот дефанзивец од редовите на Гранољерс е новиот играч. Најдобриот дефанзивец во Асобал го напушта предградието на Барселона и се сели покрај најубавото македонско езеро. Договорот со ГРК Охрид е на две сезони.
ГРК Охрид од следната сезона ќе биде подобар во одбраната со најдобриот шпански дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025!
Ориол Реј Моралес е новиот член на тимот на ГРК Охрид кој се обврза на миниум 2 годишен договор!
Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранолерс, 6 сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и 2 сезони во франуското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс. Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш на поширокиот состав за сениорскиот тим, објави ГРК Охрид