Шулески ја засилува битолската „двојка“

Photo: RK Eurofarm Pelister

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески заминува од екипата на ГРК Тиквеш и во следната сезона ќе ги брани боите на екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Битолската „двојка“ по една година во Првата лига, се враќа на суперлигашката сезона и има резултатски амбиции да биде сериозна конкуренција и да се бори за пласман во Плејоф.
Шулески е еден од играчите од кои се очекува да игра важна улога и доколку напредува според желбите и предвидувањата би требало да стане играч кој ќе биде кандидат и за дресот на сениорската репрезентација.

Поврзани вести