Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот Куп!

Photo: RK Alkaloid

Натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК е регистриран со резултат 10:0 за екипата на Алкалоид! Македонскиот тим е победник на ЕХФ Европскиот Куп! 
Европската ракометна федерација денеска информираше дека е донесена одлука по повод неодиграниот натпревар меѓу екипите на Алкалоид и АЕК во финалето на ЕХД Европскиот Куп! Натпреварот е регистриран службено со победа од 10-0 за Алкалоид и македонскиот клуб може да слави европска титула!

Одлуката на Арбитражниот суд на ЕХФ се однесува само на спортскиот дел, односно верификацијата на резултатот и Грците имаат право на жалба. 
Дополнително, Дисциплинска комисија ќе решава за казните. 

Поврзани вести