Трет македонски клуб со европска ѕвездичка!

Photo: RK Alkaloid

Минаа десет дена долги како десет години чекајќи Европската ракометна федерација да ја донесе одлуката за неодиграниот натпревар од реванш-финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК Атина.
Многу сценарија, информации и шпекулации се свртеа во десетте дена пред ЕХФ да пресече и да ја донесе конечната одлука во поглед на спортскиот односно резултатскиот дел од финалето.

РК Алкалоид е 31. победник на ова европско натпреварување кое од 1993 до 2000 година беше познато како Куп на градови, потоа до 2020 како Челинџ Куп, а оттогаш како ЕХФ Европски Куп. Алкалоид е петтиот освојувач на ЕХФ Европскиот куп, а прв македонски клуб што воопшто го освоил ова натпреварување во неговите досегашни изданија.
Остварувањето на македонскиот клуб во сезоната, вклучително и службениот резултат од финалето е 10 победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

РК Алкалоид стана третиот македонски клуб со европска ѕвездичка. Првиот победнички пехар го подигна Кометал Ѓ. Петров во 2002 во Лигата на шампионите, потоа Вардар триумфираше во 2017 и 2019 во Лигата на шампионите, а шест години потоа во Македонија доаѓа нов европски пехар.

Кирил Лазаров стана првиот македонски тренер што освоил европски пехар како прв тренер на екипата. Кирил Лазаров стана и првиот македонски тренер кој со македонска екипа освоил европски пехар. Воедно е и првиот кој освоил европски  пехар и како играч и како тренер. 










 

Поврзани вести