Партизан е нов шампион на Србија

Photo: Maja Nastic

Екипата на Партизан е новиот ракометен првак на Србија. Во финалната пресметка Партизан беше подобар од екипата на Војводина и по 13 години повторно е првак. Партизан победи 2-0 во финалната серија (29-25, 28-22) и го крена победничкиот пехар. 
Екипата на Војводина, пак, до овој момент 11 пати по ред беше шампион на Србија, но оваа сезона големите вложување во црно-белиот состав и многуте зaсилувања го сменија односот на силите и во директниот дуел во плејофот, Партизан беше подобриот тим. 

Поврзани вести