Алкалоид е победник на ЕХФ Европскиот Куп. Во своето второ излегување на европската сцена, младиот македонски клуб успеа да стане првиот македонски клуб победник во ова натпреварување и испиша нова странца за клубот и македонскиот ракомет.
Живко Мукаетов е човекот што стои зад целиот проект и е главниот „виновник“ што Македонија доби победнички пехар со европски потпис.
Денеска го објави и своето видивање:
Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет. Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!
А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата. Искрени честитки и од срце ОГРОМНО благодарам на Кирил Лазаров кој и официјално стана прв македонски тренер во историјата на македонскиот ракомет кој освоил Европски трофеј.
Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи - докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа!
За крај, и над сѐ, благодарност од СРЦЕ на прекрасната публика: вработените во Алкалоид Скопје, прекрасните „кафетинки“, подмладокот од РК Алкалоид и РК Мулти Есенс - кои безрезервно ги бодреа своите идоли, како и непоправливите ‘ентузијасти’ кои верно нѐ следат на секој натпревар
Поздрав од плаво-белите од Автокоманда!
Одиме понатаму
Со верба во себе и верба во Бога!
НАПРЕД АЛКАЛОИД!!