Алкалоид ја напиша и последната „домашна“

РК АЛКАЛОИД - ГРК ОХРИД  33-24 (11-9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Зоран Кимовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 6, Младеновиќ, Карасманакис 4, Стојковиќ 1, Ѓоргиев 1, Велковски, Ивановски 3, Бинго 2, Франциско 5, Петковски, Савревски 1, Гарбески 8, Панчевски 1, Секуловски 1
Седмерци: - Исклучувања: 6 мин.
ГРК ОХРИД: Крстески, Пупунцоски 1, Булески, Силјаноски 2, Трајчески 1, Крстески, Јанчески 3, Ристевски, Стефановиќ 1, Софкоски 1, Костов 6, Винисиус 9, Ристески
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 2 мин. 

Екипата на Охрид ја исполни најавата и во Скопје дојде со состав во кој повеќето играчи беа од нивните младински категории. Имајќи го тоа предвид и домашниот состав не форсираше во дуелите. Тоа пак го искористија гостинските ракометари и пружија убав отпор во првото полувреме, кое резултатски беше израмнето, а заврши со водство на Алкалоид од 11-9.
Малку поинаков беше пристапот на Алкалоид на почетокот на второто полувреме и веднаш за помалку од пет минути направи разлика од шест гола (16-10), по што рутински го одигра натпреварот докрајот. 

Поврзани вести