Алкалоид им се заблагодари на тројца ракометари!

Алкалоид го одигра последниот меч на домашен терен сезонава, а тоа беше и можност клубот пред домашната публика да им се заблагодари на ракометарите кои летово ќе заминат од Автокоманда. 
Тројца ракометари на РК Алкалоид добија посебни благодарници од клубот за досегашната соработка. Голманот Благојче Трајкоски, десниот бек Давид Савревски и португалскиот интернационалец Франциско Оливеира е Силва се ракометарите кои заминуваат од клубот на крајот на сезоната. 

Поврзани вести