Десетмина заминуваат од ГРК Охрид!

Photo: GRK Ohrid

Финалниот распоред на ТОП 5 екипите во македонската Суперлига останува истиот како и минатата сезона. Екипата на ГРК Охрид во решавачкиот меч за четвртото место убедливо го совлада тимот на ГРК Тиквеш и си обезбеди учество во Европските купови следната сезона. По дуелот со ГРК Тиквеш, охриѓани објавија дека вкупно десетмина од нивните редови заминуваат од клубот летово. 

Пред почетокот на последниот натпревар од сезоната 24/25 од Супер лигата, ГРК Охрид им изрази благодарност на тренерот Стевче Алушовски и играчите: Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Мацуока, Горан Крстевски и Винициус, кои по завршувањето на првенството си заминуваат од клубот. Клубот им упатува благодарност за нивниот придонес и се што направија за екипата.

Воедно, клубот му се заблагодари и на некогашниот капитен и долгогодишен член на екипата, Крсте Андоновски, кој ја завршува играчката кариера и во иднина ќе биде дел од тренерската структура на клубот.

На сите нив ГРК Охрид им посакува успех во понатамошната кариера. Како клуб направивме напори да го задржиме со договор и Петар Николоски на кого му дадовме шанса и оваа сезона со првиот тим, но од негова страна бевме одбиени.

Поврзани вести