Мулти Есенс и Струга во битка за Суперлига

Photo: RK Multi Essence/ Filip Viranovski

Во интересниот финиш во Плејаут првенството во македонската Суперлига, ги видовме екипите на Струга и Радовиш во главна улога и борба за избегнување на деветтото место кое носи бараж за опстанок во најсилната конкуренција.
Финално, двата тима по 10 одиграни кола завршија со ист број на бодови (10), но подобар во меѓусебниот скор беше екипата на Радовиш и го зазема осмото место.
Струга ќе игра бараж на неутрален терен со екипата на Мулти Есенс која заврши на второто место во прволигашката конкуренција сезонава.
Овој меч би требало да биде закажан 10/11 јуни.

Поврзани вести