Photo: Flickr
Минаа точно 20 години откако контроверзната и маркантна личност, Боб Ханинг го презема второлигашот Фуксе Берлин. Сезонава, Берлин за прв пат стана шампион на Германија, а најголемата светска ѕвезда во моментов, Матијас Гидсел го исполни првиот дел од својата мисија, со клуб што никогаш не освоил ништо да стане првак на Германија. Вториот дел е да стане европски првак, а за тоа ќе има шанса на Ф4 турнирот што ќе се игра во Келн следната недела. Првата пречка во Келн ќе му биде Нант.
Берлин сезонава ја доби тесната трка со Магдебург, кој исто така ќе игра во Келн. На конечната табела, Берлин има само еден бод повеќе. Овие два тима ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Третото место со три бода помалку од шампионот го освои Гарсија Парондо со неговиот Мелзунген. Тие ќе играат директно во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Следејќи го актуелниот рејтинг, директно место во групната фаза на ЕХФ Европската лига ќе има и четвртопласираниот Кил.
Екипата на Флензбург ќе игра квалификации за ЕЛ и ќе биде носител во ждрепката.
Од Бундеслигата испаѓа вториот тим по закрила на Боб Хенинг, екипата на Потсдам за која играше македонскиот репрезентативец Мартин Томовски.
Испаѓа и тимот на Битегхајм, кобно за нив беше последното коло по кое го претркаа Штутгарт и Ерланген.