Фото: Ракометна федерација на Македонија
Трансферот на новата норвешка ѕвезда, Тобијас Грондал од ГОГ во Флензбург поттикна серија на настани што ќе се рефлектираат и во други клубови и тоа од топ класата.
Данскиот ГОГ стана најголемиот производител и станица за врвни ракометари, работи многу паметно, тоа не може да им се оспори со оглед на податокот дека низ нивната екипа поминаа врвни имиња.
Грондал е последното име што заминува, а ГОГ има план да го замени со двајца ракометари од Фарски острови. Тоа се Оли Митун кој потврдено доаѓа кај нив од редовите на Савехоф, а дански медиуми објавија дека клубот се договорил за трансфер и на
Елијас Елефсен а Скипаготу од Кил.
Германскиот клуб денеска објави дека нема намера да го ослободи Скипаготу за тој да отиде во Данска, но тоа можеби е знак дека преговорите можат да почнат и дека ГОГ нема бесплатно да ја добие ѕвездата на Фарски острови.