ТОП ТРАНСФЕРИ: Три години дил за Благотиншек, Менса заминува од Флензбург

Фото: Ракометна федерација на Македонија/ Филип Вирановски

Словенечкиот пикер Блаж Благотиншек во Флензбург дојде во 2023 година, а сезонава, откако беше одигран последниот првенствен натпревар по кој оваа екипа заврши на петтото место, беше објавено дека е постигнат договор со продолжување на соработката и дека Блаж Благотиншек ќе остане во клубот најмалку до 2028 година.

Хрватскиот голман Матеј Мандиќ, голман на екипата на Загреб е на радарот на моќна бундеслигашка екипа. Германските медиуми објавија дека неговата следна дестинација ќе биде Магдебург, каде што ќе го замени Сергеј Хернандез кој потпиша нов договор, но на само една сезона.

Рускиот бек Сергеј Марк Косоротов се раздели со екипата на Веспрем и веќе потпиша договор со полскиот тим Висла Плоцк. Ова е негово враќање во полскиот тим, а новиот договор е со времетраење од три години.

Следната сезона ќе биде последна во дрсот на Флензбург за данскиот бек Мадс Менса Ларсен. Неговиот договор истекува во 2026 и нема да биде продолжен.
„Знам дека овде веќе немам иднина, но што носи иднината, тоа не знам“, изјави Менса Ларсен.

Репрезентативниот голман на Франција, Самир Беласен, по настапите во Монпеље, Данкерк, Кил и Штутгарт, следните две сезони ќе настапува за романската екипа Динамо Букурешт и одново ќе го гледаме во Лигата на шампионите.

Поврзани вести