Две македонски засилувања за ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид во мега ремонтот на екипата што го спроведе меѓу играчкиот кадар за следната сезона, промовираше и две македонски засилувања.

Охриѓани го ангажираа Давид Савревски, десниот бек на РК Алкалоид. Савревски имаше свои задачи во Автокоманда и успешно одговараше во два правци, станува збор за тимски играч кога имавме можност да го гледаме како се адпатира и како десно крило кога тоа беше потребно за екипата.
Охриѓани потрагата по голман ја завршија во скопски Бутел Скопје од каде што доаѓа Бојан Блажески, луциден голман кој имаше важна улога во клубот, а на дуелите со фаворитите во Суперлигата покажуваше дека може повеќе и треба да биде додадена вредност во многу поамбициозниот проект што Охрид го подготвува за следната сезона.

Поврзани вести