Маџовски се раздели со Партизан

Фото: Маја Настиќ / РК Партизан

По завршувањето на сезоната во која по 13 години пауза повторна стана првак, од екипата на Партизан заминаа пет ракометари. Меѓу нив е и македонскиот интернационалец Бојан Маџовски.
Тој постојано беше во борба за минутажа со стандардниот Младен Шотиќ, а игра на позиција која некако секогаш е меѓу првите кога се ремонтира екипа, па спогодбено се договорја клубот и играчот за раскин на договорот и нивните патишта се разделија.
Други играчи кои заминаа се Лука Арсениќ, Лука Барјактаровиќ, Марко Васиќ и Михајло Радојковиќ.

 

Поврзани вести