Ако нема ЛШ, Скјерн ќе ја тужи Данската федерација

Photo: Skjern Handbold

Проблеми со регулативите и пропозициите се појавија и во Данска и тоа до таква мерка што можеби и цивилен суд ќе одлучува за распоредот на нивните екипи во Европа, конкретно во Лигата на шампионите следната сезона.
Во шампионатот на Данска, шампионот, а тоа е екипата на Алборг има директно место во Лигата на шампионите. Данска како и минатава сезона, можеби ќе има и два претставника во ЛШ следната сезона, но прашањето е кој ќе биде тимот што смее да аплицира за таа позиција.

Скјерн сезоната ја заврши на второто место, благодарение на одличниот медија маркетинг тим ја и резултатите ја врати ракометната еуфорија во градот. Завршија на финалната табела пред ГОГ и Холстебро според резултатите во Плејоф, но не само што нема да може да аплицира за ЛШ туку нема да има ниту место во Европа следната сезона.
Тоа е затоа што местата за Европа во Данска се распределуваат според пласманот во регуларниот дел на првенството, а Скјерн таму заврши на осмото место!
Според тие правила, место во Европа ќе имаат Алборг, ГОГ, Фредериција и Морс.
Од Скјерн најавија дека ако данската федерација не им дозволи да аплицираат за ЛШ, ќе ја тужат и случајот ќе се решава на суд.

 

Поврзани вести