Андоновски на кормилото на Младост

Фото: ГРК Охрид / Архива - Горан Андоновски

Македонскиот тренер Горан Андоновски откако го одработи својот договор на Косово, повторно ќе работи во Македонија и тоа во екипата на Младост 1977 Богданци.
Некогаш клубот број три во македонскиот ракомет и место каде што се прекршувале многу битки за шампионски титули на почетокот во првата деценија од 2000, сега настапува во Првата лига и се обидува преку афирмација на млади играчи од регионот да ја зачува ракометната традиција во градот.

Познати имиња од градот, Мите Стоилов, Никола Роглев и уште неколку ракометни ентузијасти во градот се обидуваат да го однесат клубот повторно во Суперлигата и сизифовски си го тркалаат својот камен.
Се надеваат на поинаков епилог следната сезона, а тогаш на клупата ќе го имаат Горан Андоновски.
Андоновски има учествувано во споменатите битки што своевремено се одвиваа во салата „Млаз“ и познато му е колку беше жежок тој терен. Сега ќе треба своето ракометни знаење преку тренерската позиција да го преслика таму. Како тренер имаше одлични резултати со Охрид своевремено, добро се снаоѓаше и на клупата на ГРК Тиквеш, а добро му одеше и на Косово.
Сега дојде редот, искуството да го пренесе и на југоистокот на земјата. Нов предизвик во старата работата, ќе следиме да видиме каков ќе биде ефектот.

Поврзани вести