Стартува турнирот „Марко Божиновски“

Фото: РК Алкалоид

Утре почнува новото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, летен турнир посветен на младиот ракометар кој премногу рано си замина.
Турнирот стана своевиден заштитен знак за крајот на ракометната сезоната. Се игра на отвореното игралиште во скопски Аеродром кое исто така го носи неговото име.
Досега се натпреваруваа кадетски екипи од повеќе држави, а оваа година, за прв пат турнирот ќе биде од репрезентативен карактер.
Покрај репрезентацијата на Македонија и на Македонија „Б“, гости во Аеродром ќе бидат и репрезентациите на Катар, БиХ, Србија и Романија.
Отворањето на турнирот е закажано за утре од 18:00 часот, а познат е и комплетниот распоред на натпревари.

ПЕТОК, 13 ЈУНИ
18:30 МАКЕДОНИЈА „А“ - КАТАР
20:00 СРБИЈА - РОМАНИЈА
САБОТА, 14 ЈУНИ
10:00 КАТАР – БИХ
11:30 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА „Б“
18:30 МАКЕДОНИЈА „А“ – БИХ
20:30 МАКЕДОНИЈА „Б“ – СРБИЈА
НЕДЕЛА, 15 ЈУНИ
09:30 МЕЧ ЗА 5 МЕСТО
11:00 МЕЧ ЗА 3 МЕСТО
18:00 ФИНАЛЕ
20:00 ЗАТВОРАЊЕ НА ТУРНИРОТ




 

Поврзани вести