Јуниорите пред мундијалски предизвик

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Машката јуниорска репрезентација на Македонија е пред настап на Светско првенство што по пет дена почнува и ќе се одржува во Полска.
Раде Стојановиќ ја предводи оваа генерација на нејзината последна генерациска авантура во младинската конкуренција и по СП најголемиот дел од овие ракометари ќе бидат официјално сениорски играчи.
Македонија на СП ќе игра во групата со репрезентациите на Фарски Острови, Романија и Исланд. Две од овие четири репрезентации ќе продолжат во главната фаза на мундијалот, две ќе продолжат во Президент Куп.
Македонската репрезентација во пресрет на првите официјални дуели од СП, ќе одигра и два контролни натпревари, против репрезентациите на Јапонија и С. Арабија.

Селекторот Раде Стојановиќ на ова првенство, нема да може да смета на помошта од двајцата најпознати кадетски репрезентативци. Самоил Ристевски се повреди на младинскиот „Ф4“ и Дамјан Митев кој се повреди уште минатото лето со јуниорскта репрезентација и тоа беше голем хендикеп за него. Пропушти добар дел од сезоната, а и откако се врати на терен, постојано беше ровит, беше штеден и пропушташе настапи. Неговиот здравствен билтен не е добар, не ја има надминато повредата и евидентно не е подготвен за настап каков што е турнирски на СП. Тој останува во Скопје да се рехабилитира и да се обиде да ги надмине проблемите пред да почне новата сезона.

НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА НА СП
18.06.2025 – 14:00 Македонија – Фарски Острови
19.06.2025 – 14:00 Македонија – Романија
21.06.2025 – 14:00 Исланд – Македонија





 

Поврзани вести