Парична казна и празни трибини за Партизан

Photo: Maja Nastic / RK Partizan

ЕХФ почна да ги затвора случаите во ЕХФ Европскиот Куп во кои се инволвирани екипите на Партизан, АЕК и Алкалоид.

Првата одлука е казната за Партизан за „екстремно опасно“ однесување на навивачите на трибините на натпреварот со АЕК. Грчкиот тим тогаш прв пат го напушти теренот и средбата беше презакажана да се игра во празна сала во Бугарија.
Казната за Партизан е 15.000 евра, плус 4.500 евра за истакнување на банер со политичка содржина. Трошоците за организација на натпреварот во Бугарија, ќе ги сноси Партизан.
Покрај паричниот дел, Партизан е казнет со забрана за присуство на публика на следните пет европски натпревари на екипата. Од нив три мора да одработи, две се условни.

Ова е казната за Партизан, но сега на ред следува за нас поинтересниот дел, а тоа е одлуката околу случајот Алкалоид – АЕК.

Грците по втор пат избегаа од терен во Скопје, но овој пат немаше опасност од македонските навивачи, туку АЕК избега од салата поради своите навивачи.

Поврзани вести