Photo: Olympiacos SFP
Екипата на Олимпијакос е новиот првак на Грција, а веројатно најомразениот ракометен колектив во Македонија во моментов, екипата на АЕК ќе мора да се задоволи со второто место.
Олимпијакос победи со 3-2 во финалната серија, но последната победа ќе му биде посебна на тимот од Пиреја затоа што ја оствари на гостински терен во злогласната ОАКА, пред полни трибини навивачи на АЕК.
Олимпијакос победи со 32-30 на последниот меч, а на мајсторката ѝ претходеше водство од 2-0 на Олимпијакос и потоа кам бек на АЕК кој израмни на 2-2 и имаше предност на домашен терен во решавачкиот натпревар.