Германско финале на Ф4 во Келн

Во финалето на Ф4 турнирот во Келн, во финалната битка за шампионската титула во ЛШ, ќе се сретнат екипите на Берлин и Магдебург.

Берлин денеска и без Матијас Гидсел кој рано доби црвен картон, со 10 гола разлика го победи разочарувањето Нант (34-24), додека во второто полуфинале што го судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, драмата траеше до последната секунда.
Магдебург ја детронизираше екипата на Барса, со победа, гол постигнат во последната секунда.

Претходно на оваа драматична завршница можевме да видиме битка гол за гол во која Барса доби три директни црвени картони (сите по видео анализа), а можеби најголемиот хендикеп за нив беше повредата на Дика Мем на 15 минути до крајот, по што останаа без главното далекуметно оружје на бојното поле во Ланксес Арената.

Магдебург успеа да ја избегне сметката за играње без голман при исклучен играч, прими три гола на празна мрежа во последните 10 минути, но успеа да се одржи во игра, за на крајот да профитира од несмотреноста на шпанските ракометари и да постигне победнички погодок со звукот на сирената. Конечни 31-30 за Магдебург.

Поврзани вести