Миркуловски пред враќање во Македонија

Foto: HSG Wetzlar/Mediashots

Летово по една цела деценија соработка како играч и тренер, поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски се раздели до бундеслигашката екипа Вецлар и сега е пред нов предизвик во кариерата. Во текот на целата кариера и како играч и како асистент или прв тренер Филип Миркуловски бил препознатлив како вреден работник кој функционира на професионално ниво.

Неофицијално дознаваме дека Филип Миркуловски по 10 години работа и собирање искуство во најсилната светска лига, летово како опција пред себе има и можно враќање во Македонија и старт на соработка со Ракометната федерација на Македонија.
На која позиција и со каква улога и задолженија во моментов е премногу рано да нагаѓаме, но веруваме дека првенствено околу координација на младинските категории, а не ја исклучуваме опцијата дека би бил вклучен и во сениорската репрезентација. Миркуловски веќе беше дел од стручниот тим, а ако се реализираат шпекулациите, сега кога веќе нема германски обврски соработката би била поедноставна и поефикасна.

 

Поврзани вести