Актуелно

Магдебург е новиот европски шампион!

PHOTO: EHF/MEDIA PORTAL

ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

МАГДЕБУРГ – БЕРЛИН 32-26 (16-12)
Гидсел 7, Ав Тејгум 7 – Кристијансон 8, Клар 6


Екипата на Магдебург е новиот европски шампион! Во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, Магдебург беше подобар од екипата на Берлин и запиша победа од 32-26 (16-12), по што го крена и шампионскиот пехар.

Се потврди непишаното правило дека екипата што ќе ја елиминира Барса на Ф4 станува европски шампион. Магдебург вчера имаше многу потежок тест, откако го положи, денеска функционираше како швајцарски часовник.

Со оглед на тоа дека екипите се со речиси ист квалитет, финалните натпревари вообичено ги решаваат моменти на инспирација. Или на не-инспирација, каков што беше вечерва случај. Пивотите на Берлин имаа 0/4 во првото полувреме, четири чисти зицери, а голманите имаа само 1 ефективна одбрана за 30 минути, за разлика од шесте интервенции на голманот на Магдебург, Сергеј Хернандез.

Магдебург профитираше од пола од овие укажани шанси и на полувреме замина со резултат 16-12.

Во второто полувреме, се разгоре битката, се вклучија и голманите во игра, Хернандез блескаше со вкупно 16 интервенции, а Гисли Кристијансон и Феликс Клар погодуваа од каде стигнат. Хакун Вест ав Тејгум беше егзекуторот на Берлин, се обидуваа да се доближат лисиците, но Магдебург беше премногу добар за да дозволи драма. Нападите на Берлин беа одбиени, успеа да намали, но само за момент на помалку од четири гола. Потоа одново ќе блеснеше некој од таборот на Магдебург за конечни 32-26.

Поврзани вести