Photo: MKDandball
Детронизираниот европски првак, екипата на Барса, упати официјална жалба до ЕХФ за арбитражата на натпреварот од полуфиналето на Фајналфор турнирот од ЕХФ Лигата на шампионите. Барса беше елиминирана (30-31) од екипата на Магдебург, која подоцна стана нов европски првак.
Натпреварот меѓу Барса и Магдебург ја судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Нашите судии им доделија три директни црвени картони на ракометарите на Барса, сите три одлуки донесени по видео анализа, но каталонците не можат да се помират со тој момент, исто како што обвинуваат и за нееднаков критериум.
„Ставовите на Барса беа пренесени директно во ЕХФ, кај главниот во натпреварувачката комисија. Се жалевме на судењето за кое сметаме дека не беше на нивото на кое сите очекувавме да биде“, изјави координаторот во клубот, Хуан Марин.
На прашањето кое е целта, тој одговори:
„Нема крајна цел. Само го изразивме тоа што го чувстуваме. Се разбира дека знаеме дека тоа нема да има последици“.