Србија победник на турнирот „Марко Божиновски“

Фото: Фондација Марко Божиновски

Репрезентацијата на Србија е победник на четвртото издание на меморијалниот турнирот „Марко Божиновски“ што се одржува во Скопје по завршувањето на сезоната. Во финалето, српскиот тим беше подобар од првата екипа на Македонија со резултат 32-27 (16-13). 
Годинава прв пат турнирот имаше репрезентативен карактер, а учествуваа У17 репрезентациите на Македонија, Македонија „Б“, Србија, Катар, Романија и БиХ.

Двете македонски репрезентации имаа сосема солидни настапи и ги освоија второто односно третото место. Четвртото место е за Катар, а петтото за БиХ која на седмерци беше подобра од репрезентацијата на Романија.

Од индивиуалните признанија издвојуваме дека Ѓорѓи Николовски беше прогласен за најдобар голман, Стефан Ѓоргиески најдобро лево крило, додека МВП беше српскиот репрезентативец Александар Стојковиќ, а најдобар стрелец Ријад Халиловиќ од тимот на БиХ

Поврзани вести