Нов египетски пивот доаѓа во Битола

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Екипата на Е. Пелистер полека си создава традиција на позицијата пивот да има ракометар од Египет. Битолчани денеска го официјализираа трансферот на египетскиот линиски напаѓач Ибрахим Калес Валид кој во Битола ќе дојде од редовите на турскиот шампион Бешикташ.

Калес има 26 години, висок е 195 см, а во екипата на Бешикташ во ЕХФ Европскиот Куп постигна 13 гола, а неговиот тим беше елиминиран од Рунар Сандефјорд во 1/4 финалето.

Калес Валид во Е. Пелистер ќе биде замена за сонародникот Мамду Шебиб кој коректно си ја одработе задачата за која што беше ангажиран.

 

Поврзани вести