АЕК е суспендиран, парична казна за Алкалоид

Photo: MKDHandball

Европската ракометна федерација го заокружи случајот со неодиграниот натпревар меѓу екипите на Алкалоид и АЕК од финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Казни се изречени и за двата клуба. РК Алкалоид е казнет со парична казна од 5.000 евра затоа што не успеал да обезбеди доволно билети за гостинскиот состав.

АЕК е казнет со 20.000 евра затоа што не настапи на финалето во Скопје, но и со суспензија за настап во европските натпреварувања во времетраење од две сезони, со тоа што едната сезона е условна казна.

Претходно, ЕХФ донесе одлука натпреварот да биде регистриран со службен резултат 10-0 и Алкалоид да биде прогласен за победник на ЕХФ Европскиот куп во сезоната 2024/25