Photo: Orlen Wisla Plock
Екипата на Висла Плоцк денеска со најсилниот состав што го има на располагање тренерот Хавиер Сабате ќе се бори со македонскиот првак Еурофарм Пелистер на дуелот од четвртото коло во Лигата на шампионите (18:45, МТВ, Арена Спорт 3).
Хавиер Сабате за овој натпревар во тимот ги запиша голманите Мирко Алиловиќ и Торборн Бергеруд, странците Мелвин Ричардсон, Миха Зарабец, Абел Сердио, Леон Шушња, Герго Фазекаш, Золтан Шита, Кирил Самоило, Зоран Илиќ, Митја Јанц, Ловро Михиќ и Сергеј Марк Косоротов. Од полските играчи, во тимот се Крајевски, Дашек и Давиджик.
Рубен Гарабаја, пак, има проблеми со составување на тимот, повредени се Хеидарирад и Брестовац, па така денеска ќе дебитира голманот на кадетската репрезентација Јован Мацанковски.
Деби во ЛШ за екипата на Е. Пелистер ќе има и полскиот десен бек Анджеј Видомски.
Поврзани вести