Гал Цирар од Охрид во Австрија

Фото: ГРК Охрид

Словенецот Гал Цирар кој пред два дена официјално се раздели со екипата на ГРК Охрид, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Австрија и тоа во екипата на Холабрун.

Таму одново ќе соработува со некогашниот соигрч од ГРК Охрид, Ридолф Сафранко, но и со македонскиот интернационалец Филип Арсеновски кој игра на пивотменската позиција во клубот и со поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков кој имаше убава играчка кариера во Австрија, а сега исто така добро напредува и како тренер.

Поврзани вести