Радојичиќ повторно во МРК Куманово

Фото: МРК Куманово/ТД

Екипата на МРК Куманово, амбициозно го почна новото првенство, со Аце Станковски како нов тренер и победа во првото коло на Радовиш. Потоа работите не се одвиваа како што посакуваа кумановчани. Следеа пет порази по ред, од кои на четири натпревари Прилеп, Е. Пелистер 2, Бутел и Пролет беа рамноправни и губеа минимално или со два најмногу три гола разлика. Потоа следеше и разделбата со тренерот и високиот пораз од Алкалоид, но тој меч нема да го смени впечатокот дека на Куманово малку му недостасува(ше) за подобри резултати. Тоа малку, ќе се обиде да го надополни со странско засилување. 

Српскиот ракометар Огњен Радојичиќ повторно ќе биде ракометар на екипата на МРК Куманово.
Интернационалецот од Србија ги бранеше боите на МРК Куманово пред две сезони, а сега вели дека воопшто не се доумел.

" Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од МРК Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера.
Ќе направам се овој лош период резултатски тимот да го надмине и да се вратиме на победничките патеки“, изјави српскиот ракометар по потпишување на договорот со МРК Куманово.

Радојичиќ има 25 години, висок е 198 см, игра на позиција лев бек и се очекува да биде освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Суперлига.

Поврзани вести