АЕК нема да игра на турнирот во Охрид

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски


Сосема очекуван епилог по сѐ што се случи во финалето на ЕХФ Европскиот Куп со однесувањето на грчкиот тим АЕК, е дека нема наскоро да ги видиме во Македонија. 
АЕК беше редовен гостин во Македонија во летните подготовки, има настапувано на турнирот во Струга, годинава требаше да игра и на турнирот во Охрид, но тоа нема да биде случај. 
ГРК Охрид денеска објави дека АЕК нема да игра на турнирот, а на нивното место ќе настапи словенечката екипа Тримо Требње. 

Поврзани вести