Младинците без решение за Оли Митун

Photo: Kolektiff

МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 28-33 (15-16)
Д. Узунчев 6, Калајџиески 6, Карасманакис 4 – Митун 15, Олсен 6



Јуниорската репрезентација на Македонија со пораз од Фарски острови стартуваше на Светското јуниорско првенство што се игра во Полска.

Македонскиот тим против себе имаше репрезентација во која игра веќе формирана ѕвезда, ракометар за чив потпис се тркаа екипи од Лигата на шампионите како ПИК Сегед на пример, за на крајот потписот да го добие данскиот тим ГОГ.

Оли Митун е ракометарот кој играше симултанка против македонската репрезентација и постигна 10/12 гола само во првото полувреме во кое по 30 минути резултатска нишалка, Фараните заминаа во соблакувална со гол предност. Македонија во овој период имаше минимално водство и диктираше резултат во поголемиот дел, но имаше и бројни исклучувања што се рефлектираше на играта, особено кога со играч повеќе напаѓаше Митун.



Во второто полувреме, работите не тргнаа на подобро, туку на полошо. Противникот додаде уште два гола плус, па разликата се зголеми и се движеше меѓу три и четири гола предност.

Времето одминуваше, состојбата на теренот не се промени битно, па на пет минути до крајот Фарски острови водеа 30-25 и дилемите веќе беа разрешени.

Од истата група, денеска репрезентацијата на Романија го совлада тимот на Исланд (29-25). Романија е противнокот со кој репрезентацијата на Македонија ќе игра утре и од тој резултат ќе игра важна улога во конечната табела и дали ќе се пласираме во Главната рунда на СП

Поврзани вести