Актуелно

Македонија кандидат за домаќин на машко ЕП!

Фото: Ракометна федерација на Македонија/Филип Вирановски

Македонија, Словенија и Србија размислуваат и се координираат за заедничка апликација за организирање на машко Европско првенство. Апликацијата ќе се однесува за Европското првенство во 2034 година.

Финалето на ова првенство би се играло во Белград, а Македонија би била домаќин на една од групите во Прелиминарниот дел. Информацијата ја објави, претседателот на Ракометната федерација на Словенија.
Македонија и Словенија веќе имаат заедничко искуство во организација на сениорско ЕП, во 2022 заедно со Црна Гора успешно организираа Европско првенство во женска конкуренција.

Поврзани вести