Исланд ги одржа шансите на Македонија за Главна рунда

Photo: IHF/Kolektiff

Фарски Острови - Исланд  35-35 (21-19)
Митун 11, Веделсбол 10 -  Ерлингсон 17, Харалдсон 6


Репрезентацијата на Фарски Острови е блиску до моментот да стане првиот патник во Главната рунда на У21 Светското првенство од групата „Ф“ во која за првите две места се борат уште и репрезентациите на Македонија и Романија. 
Тимот на Фарски острови откако во првото коло забележа победа над Македонија (33-28), денеска беше успеа со гол од седмерец во последната секунда да искубе еден бод и од репрезентацијата на Исланд и со три освоени бодови ја чека разврската од мечот меѓу Македонија и Романија.
Фарски острови водеа и диктираа резултат на денешниот меч до 58 минута, а потоа голманот Бјарки Арнасон му одбрани зицер на 11 кратниот стрелец Оли Митун при нерешен резултат 34-34, а потоа одбрани и уште еден зицер при резултат 35-34 за Исланд. Но, неговите соиграчи не успеаја да постигнат гол, Фарски тргна во напад и на средината на теренот беше фаулиран Оли Митун и на две секунди до крајот беше досуден пенал за Ф. Острови. Митун го постигна 11 погодок за нерешено. 
По овој резултат, Македонија веќе нема избор освен победа денеска над Романија за да ги задржи шансите за пласман во Главната рунда. Нерешен резултат, исто така нѐ остава во игра, но во тој случај остануваме зависни од резултатот меѓу Романија и Фарски и во смисол на бодови и на гол разлика. 
Ѕвезда на натпреварот беше Елмар Ерлингсон од Исланд кој постигна 17 гола од 21 обид. 

Поврзани вести