Фото: РК Вардар 1961
Во исчекување на утрешната промоција на Иван Чупиќ за нов тренер на РК Вардар 1961, црвено-црните денеска објавија дека и Вуко Борозан останува во клубот и наредната сезона.
Црногорскиот бек играше клучна улога во важните победи на Вардар 1961 сезонава и со тоа ја зацврсти својата позиција во клубот во која следната сезона минутажата ќе ја дели со Димитро Хориха и со Филип Талески.
Доколку Е. Пелистер добие место во Лигата на шампионите следната сезона, екипата на Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза на ЕХФ Европската лига, исто како и минатата сезона.