Photo: IHF/Kolektiff
МАКЕДОНИЈА - РОМАНИЈА 27-28 (17-12)
Д. Узунчев 7, Калајџиески 5 - Станциуч 13, Григоре 8
Македонската У21 репрезентација е совладана од Романија во второто мундијалско коло и веќе нема теоретски шанси за пласман во Главната рунда, па ќе се сели во Президент Куп.
Денешниот меч, беше опасност Македонија да ги загуби шансите за откако беше поразена во првото коло, но нашиот тим имаше одлично прво полувреме и воведни минути од второто во кое имаше предност од пет гола. Но, тоа не беше доволно.
Македонската репрезентација го диктираше резултатот во првиот дел и постојано одржуваше видлива дистанца од романската селекција. Триото Калајџиески, Димитар Узунчев, Карасаманакис беше ударната голгетерска игла, Белистојаноски беше сигурен и добро и одеше на македонската екипа.
Во романскиот состав, нивната прва ѕвезда, Даниел Станциуч беше задржан на 55% реализација, по почнаа и да грешат и во финишот на првиот дел, Македонија од константните 3 гола предност, додаде уште два гола во серија и на одмор замина со сосема солидни пет гола (17-12).
Во првите десет минути од второто полувреме, не се сменија работите. Македонија го одржуваше водството од пет гола разлика и водеше 22-17.
Но, опасно попушти Македонија во следните седум минути. Романија направи серија од 6-1 и се доближи на 22-23 пред селекторот Раде Стојановиќ да побара тајм аут.
Во првиот напад по тајм аутот Карасманакис зголеми на 24-22, но вратија веднаш Романците, па во 49 минута беше 24-23.
Романија напаѓаше за израмнување, играа 7 на 6, а резултатот беше израмнет во 54 минута (24-24). Свои моменти имаше голманот на Романија кој одбрани зицер и добија напад за водство, но во првиот бран Галевски спречи промена на резултатот.
Сега и Македонија напаѓаше 7 на 6, се отворија убави можности, но романскиот голман запиша четири одбрани по ред и одново во напад за водство беа Романците.
Романија поведе во 57 минута, но Петковски со два гола по ред ја одржа Македонија во игра. Хендикеп плус за нашиот тим во овој период беше повредата на Димитар Узунчев.
По водството на Романија од 27-26, Македонија имаше два напада за реми, но не ги искористи. Романија имаше напад и водство на 40 секунди до крајот, добро се снајдоа со пресингот, постигнаа гол за 28-26 и го решија победникот.