Данските клубови во погрешниот воз за ЛШ

Photo: Skjern Handbold

Данската федерација се најде во проблеми откако клубовите се освестија за правилата во данскиот шампионат при определувањето на местата за Европа, конкретно за Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Скјерн заврши на второто место во Данска, но немаше право да аплицира за Лигата на шампионите. Тоа право е на ГОГ затоа што тие завршиле на второто место во регуларниот дел од првенството. Плејоф резултатите се бројат само за шампионот.
Скјерн иако играше финале во Плејот, нема право да игра во Европа затоа што во регуларниот (есенскиот) дел од сезоната заврши на осмото место.
И покрај тоа што Скјерн се закануваше со тужба, Данската федерација одлучи дека местата во Европа овен за шампионот, се делат според пласманот во регуларниот дел и дека ГОГ е екипата која има право да се пријави во Лигата на шампионите.
Но...
Администрацијата на Данската федерација се соочува со поголем срам, затоа што минатата година, Фредериција играше ЛШ, а по овие правила тоа требало да биде ГОГ и исто така во женската лига, Одензе бил пријавен во Лигата на шампионите, а требало да биде Икаст.
Сега и ГОГ и Икаст размислуваат за тужби и барање на финансиска компензација затоа што не биле пријавени во ЛШ. 

 

Поврзани вести