Алекс му се заблагодари на Келце

Photo: IHF/Kolektiff

Алекс Душебаев, денеска ги отстрани сите сомнежи околу неговиот натамошен ангажман во екипата на Келце. Откако Талант Душебаев откри дека следната сезона неговите два сина заминуваат од полскиот клуб, денеска Алекс потврди дека не се работи за моментно незадоволство, туку за одлука за која сигурно се размислувало и анализирало.

Алекс Душебаев му се заблагодари на Келце преку својот Инстаграм профил и практично ја официјализираше информацијата дека ја игра последната сезона во дресот на полскиот вицешампион.

Поврзани вести