-
24.6.2025
-
Македонски ракомет
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Екипата на Е. Пелистер, ја доби посакуваната вајлд карта за настап во Лигата на шампионите следната сезона!
Европската ракометна федерација денеска го објави составот на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 во која можеби за последен пат се игра со 16 екипи. Но, додека го чекаме најавеното проширување по кое ќе имаме едно сигурно место и ќе аплицираме за второто, важно беше да се задржи клупскиот рејтинг во ЛШ, а тоа единствено е можно со учество во елитната лига на ЕХФ.
Девет екипи конкурираа за надградба и играње во ЛШ место во Европската лига, а шест меѓу кои и македонскиот првак Еурофарм Пелистер добија место.
Место во ЛШ добија и екипите на ГОГ, Пик Сегед, Келце, Колстад и Нант.
Валјд карти не добија Порто, Кадетен и Слован.
Овие екипи ќе им се приклучат на Загреб, Алборг, Барса, ПСЖ, Берлин, Магдебург, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг и Динамо Букурешт.
Ждрепката за ЛШ ќе се одржи на 27 јуни.
Поврзани вести