Фото: Чеховские медведи
Источната ракометна школа имаше свои светли периоди во кои доминираше во светскиот ракомет, но како минуваше времето и се забрзуваше играта, приматот го преземаа други школи кои форсираа побрза игра на сметка на класичните високи бекови и силни одбрани карактеристични за истокот.
Откако заврши ерата на ракометари како Тучкин и Кудинов на пример, се појави нова генерација предводена од Растворцев, а кога и таа замина како најмаркантен претставник на сцената се качи Димитри Санталов.
Со кариера врзана меѓу Чеховски медведи и Мешков Брест и одбиени понуди од повеќе клубови, Санталов остана во московското предградие и во време на сакнциите. Сѐ досега.
Подмосковскиот клуб објави дека завршува соработката и Димитри Санталов заминува од Чеховски медведи. Неговата следна дестинација е непозната, со 29 наполнети години и натаму се наоѓа во својот зенит како играч.