МРК Куманово го ангажираше крилото Стојков

Фото: МРК Куманово

Екипата на МРК Куманово промовираше двајца нови ракометари во пресрет на новата сезона. Двајцата се македонски ракометари, левиот бек Виктор Трифуновски кој дојде од екипата на Борец Фрутленд и десното крило Александар Стојков кој во МРК Куманово дојде од редовите на Струга.

Александар Стојков во Струга ја заврши сезоната, претходно четири сезони беше дел од екипите на Алкалоид и Мулти Есенс. Имаше забележителни настапи во Автокоманда, имаше пех да се повреди и долго да отсуствува, но имаше и успешно враќање на терените.
Куманово доби добро обучен играч на кого ќе може да се потпре во сезоната што доаѓа.

Поврзани вести