Дарко Ѓукиќ го засилува Охрид

Photo: SEHA League

Српското десно крило Дарко Ѓукиќ по трет пат ќе се врати во Македонија и ќе игра за трет клуб. По настапите за Металург и Вардар, новата дестинација на Ѓукиќ ќе биде екипата на ГРК Охрид пишува Балкан Хендбал.
Охриѓани најавија дека го затвораат играчкиот ростер, но најавата дека ќе биде дозволено уште еден странец плус во екипата, го дава првиот резултат.
Клубот и ракометарот засега немаат потврдено дека ќе биде реализиран трансферот, но веруваме дека најавата ќе се оствари.
Дарко Ѓукиќ минатата сезона ја мина во редовите на Динамо Букурешт од Романија со кого настапуваше во Лигата на шампионите.
Што се однесува до Охрид, тие на хартија веќе имаат тим што може да се бори за шампионската титула во Македонија. 

Поврзани вести