АЕК има нов тренер

Photo: RK Alkaloid / Filip Viranovski

Екипата што успеа за рекордно време да направи голема база на непријатели во Македонија, грчкиот ракометен клуб АЕК има нов тренер. 
Французинот Фредерик Бужан уште по дуелите со Алкалоид ги залади односите со клубот, иако малку му недостасуваше да ја одбрани шампионската титула. Првенството заврши, заврши и таа соработка, а новиот тренер на АЕК ќе дојде од Португалија. Тоа е Руи Силва, тренер кој има меѓудругото работено и во првиот тим на Спортинг. 
АЕК кој е суспендиран најмалку една година од настапи во Европа, во меѓувреме ги обнови договорите со своите грчки ракометари, а што се однесува до странците, се очекува голем бран на заминувања. 

Поврзани вести