Галевски си е мајстор за пенали, Македонија подобра од Бразил

Photo: IHF/Kolektiff
 

БРАЗИЛ – МАКЕДОНИЈА 37-38 (34-34, 18-21)
Силва 11, Пињеиро 4 – Калајџиески 9, Д. Узунчев 8, Белистојаноски 6

 

Иван Галевски одбрани два седмерци во пенал рулетот, а Македонија го совлада Бразил и ќе игра за 25 место на СП У21

Репрезентацијата на Македонија победи на шестиот натпревар од Светското јуниорско првенство што се игра во Полска и на својот последен меч, ќе игра за пласман на 25 место против подобриот тим од дуелот меѓу репрезентациите на САД и Бахреин.

Денеска македонскиот тим ја од селекцијата на Бразил по подобро изведување на седмерци, а човек на одлука беше, веќе традиционално во вакви ситуации голманот Иван Галевски.

Македонија имаше повеќе од водството во текот на првиот дел натпреварот, водеше и со три гола разлика на полувреме (21-18), но Бразилците направија пресврт и со серија од 8-3, во 43 минута тие имаа плус три (26-23).
Водеше Бразил до крајот, имаа 33-30 во 56 минута, а имаа и водство во последниот напад, но Димитар Узунчев погоди за нерешено 34-34 и потоа се премина на изведување на пенали.
За македонската репрезентација погодија Димитар Узунчев, Белистојаноски, Субашевски и Калајџиоски, притоа Галевски веќе одбрани еден удар, но не успеа да погоди Димковски, па во последната серија Бразилците можеа да израмнат преку Соуса.

Но, Галевски одбрани и втор пенал во пенал рулетот и македонските ракометари славеа победа од 38-37.









 

Поврзани вести